130
Синоќа, околу 02:20 часот избувнал пожар во куќа во Скопје. Домот е во сопственост на Љ.А (32) на улица „Дижонска“.
Во пожарот биле зафатени покривната конструкција и дел од горниот кат, а истиот бил изгаснат за брзо време.
Полицијата работи на расчистување на случајот и во текот на денешниот ден ќе бидат познати причините за настанувањето на пожарот.