
Ако прашате некој обожавател на автомобилите кој автомобил за него е симбол на социјализмот, одговорите веројатно ќе се вртат околу “Трабант”, “Москвич”, различните модели “Лада”, дури “Запорожец”. Меѓутоа постои едно возило кое со самодоверба може да се каже дека е симбол на една цела држава на четири тркала.
Тоа е “Фиат 126р”, легендарното “полско фиатче”. Неговот производство почна по италијанска лиценца во далечната 1973 година, а таа приказна траеше се до 2000 година. Милиони Полјаци (и барем уште толку луѓе во остатокот од источниот блок) како резултат на тоа добиваа слобода и личент автомобил соа пониска цена.
Ова доаѓа во комплет со скромен мотор, проблеми со ‘рѓа и некои механички проблеми поради кои односот кон “полското Фиатче” одеше во двете крајности – или љубов и благодарност, или омраза, која тешко може да се опише со зборови.
Онака, зачуваните автомобили, од овој модел се високо оценети од колекционерите. Тие закажаа средба во Оборники, а кадрите кои ги гледате се од репортажа на телевизија Те Ве Ен. Очекувано, на настанот најмногу се забавуваа децата.