6 причини зошто треба да ги вклучите ротквиците во менито

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Тие се мали, со силен вкус и исклучителен пријател на здравјето. Дури маслото од ротквици е докажано исклучително здраво.

Корисни за црниот дроб

Ротквиците придонесуваатза здравјето на црниот дроб. Тие ја детоксицират и ја ослободуваат крвта од токсини и отпадни производи. На пример луѓето кои страдаат од жолтица, доживуваат подобрување поради намалувањето на нивото на билирубин. Ротквиците ги штитат и црвените крвни зрнца, зголемувајќи го протокот на кислород во крвта.

Редуцираат инфекции на уринарниот тракт

Жените често страдаат од инфекции на уринарниот тракт. Ротквиците можат да го решат вашиот проблем! Тие се диуретик, кој на природен начин го зголемува производството на урина. Исто така имаат силно антибактериски својство, одлично се борат со инфекциите, ги штитат и бубрезите.

Помагаат при слабеење

Ротквиците се одлични за секоја диета, чија цел е губење на тежината. Тие содржат малку јаглехидрати и многу растителни влакна, витамин Ц, Карин, калциум и магнезиум.

За здраво срце

Ротквиците се одличен извор на антоцианини, вид флавоноиди, благодарение на кој се должи црвената боја и го одобруваат здравјето на крвотокот. Антоцианини поседуваат ексклузивно својство да ги штитат вените и артериите од стврднување и воспаление.

Намалување на крвниот притисок

Тоа коренито растение со прекрасен извор на калиум, а како што знаеме, тој е од особена важност за контролирање на крвниот притисок. Освен тоа помага за правилно движење на екстремитетите.

За нега на кожата

Витаминот Ц, фосфорот, цинкот и витамините од групата Б во ротквица помагаат за грижата за кожата. Водата од ротквица (од готвење), исто така помага за одржување на оптимална влажност на кожата.