Возовите повторно сообраќаат од Солун до Белград преку Скопје

од Vladimir Zorba
72 прегледи

 

Грчката државна железничка компанија Треиносе го обнови сообраќајот од Солун до Белград преку Скопје, а во летната сезона возовите ќе патуваат и до Букурешт преку Софија.

Меѓународните патнички возови за Скопје и Белград од денеска ќе се движат секој ден, а оние за Софија и Букурешт ќе сообраќаат од 4 јуни и ќе патуваат само во недела.

Железничкиот сообраќај беше во прекин, бидејќи Владата во Атина одлучи дека нема финансиски средства за да ја поддржи. Сега надежите се дека тие возови ќе придонесат за зголемување на туристичките патувања.