Дрим-тим на ракометната Лига на шампиони: Гонзалез е најдобар тренер, Душебаев најдобар десен бек

од desk2
112 прегледи

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги промовира десетте спортисти кои најмногу се истакнаа во Лигата на шампиони за сезоната што изминува. Меѓу нив има и двајца од скопскиот ракометен клуб Вардар.

Најдобар десен бек, позиција на која игра и Кире Лазаров, е Алекс Душебаев за кого настапите на Фајналфор турнирот, викендот во Келн, ќе бидат последни во црвено-црниот дрес. По четири години минати во Скопје (2013-2017), шпанскиот репрезентативец од наредната сезона се сели во полски Кјелце.

Вториот е Раул Гонзалез, предводникот на Вардар и македонски селектор кој е прогласен за најдобар тренер за сезоната 2016/17 во исклучително силна конкуренција на Хавиер Пасквал (Барселона), на Алфред Гисласон (Кил), на Талант Душебаев (Кјелце), Патрис Канае (ПСЖ), Чави Сабате (Веспрем), Николај Јакобсен (Рајн Некар Левен), итн.

Најмногу претставници во топ 10 има од ПСЖ, дури половина, двајца дава Барселона и еден Монпелје, покрај Душебаев.

Ракометари по позиции што оставија најсилен впечаток во ЛШ за сезоната 2016/17

Голман: Гонзало Перез де Варгас (Шпанија/Барселона)

Лево крило: Уве Геншајмер (Германија/ПСЖ)

Лев бек: Микел Хансен (Данска/ПСЖ)

Среден бек: Никола Карабатиќ (Франција/ПСЖ)

Кружен напаѓач: Лудовик Фабрегас (Франција/ПСЖ)

Десен бек: Алекс Душебаев (Шпанија/Вардар)

Десно крило: Виктор Томас (Шпанија/Барселона)

Најдобар дефанзивец: Лука Карабатиќ (Франција/ПСЖ)

Најдобар млад играч: Недил Ремили (Франција/ПСЖ)

Најдобар тренер: Раул Гонзалез (Шпанија/ПСЖ)