Милијардерот Мајкл Блумберг се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.

Милијардерот Мајкл Блумберг се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон во одговор на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го почитуваат мировен договор за климата. Бизнисменот направи “Необврзувачка” посета на Париз по лансирањето на коалиција од американски градови и корпорации кои имаат намера да го поддржат договорот, додека Макрон ja поведе европската одговорност за заштита на пактот.
“Денес сакам светот да знае дека САД ќе ja исполнат нашата посветеност кон Париз и преку партнерство помеѓу градовите, државите и бизнисот ќе се стремиме да останеме дел од процесот на заштита на животната средина”, рече на прес-конференцијата Блумберг во претседателската Елисејската палата. “Американската влада може да се откажа од договорот, но Американците продолжуваат да бидат обврзани со него. Ќе ги исполниме нашите цели”, додаде тој.
Макрон го опишува Парискиот договор како “неповратен” и го поздрави Блумберг како “клучен играч во борбата за климата”. “Тој може да се потпре на нас”, додаде шефот на државата. Во четвртокот Блумберг рече дека градоначалници, гувернери и бизнис лидери од двете политички партии во САД потпишуваат изјава за поддршка, која ќе биде претставена на ОН и “заедно ќе ги постигнеме целите за намалување на емисиите, како што САД тоа го вети во Париз во 2015 година” Тој исто така вети дека ќе донира 15 милиони долари за климата на Обединетите нации, заменувајќи го финансирањето од САД, кое најверојатно ќе биде ограничено од Трамп.
Средствата ќе ги поддржуваат операциите на Секретаријатот на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (РКООНИК), со седиште во Бон.
Блумберг е 75-годишен, тој беше градоначалник на Њујорк од 2002 година до 2013 година, според списанието “Форбс” е осмиот најбогат човек во светот. Политички независен, тој е остар критичар на енергетската и климатизација политика на Трамп. Бизнисменот е и претседател на C40 Cities Climate Leadership Group – коалиција од 90 града во светот, која спроведува програми за намалување на емисиите на јаглерод и заштита на животната средина од климатските промени. / АФП