Се почесто терористите како оружје за напад ги користат возилата, во замена за класичните методи на напад.

Тие возат автомобили, комбиња и камиони по пешачки зони, каде газат луѓе кои ќе им се најдат на патот. Најнов таков напад се случи во Ёлондон во саботата.
Дека тоа е најнов тренд на терористите на својот twitter профил напиша поранешниот шведски премиер Карл Билд.
„Да се украде камион или автомобил и потоа да се вози низ мноштво луѓе. Тоа изгледа е најновата терористичка метода“, порача Билд.
Во април годинава, кога се случи терористичкиот наад во Стокхолм, беше извршен со камион, Тогаш беа убиени четворица, а 15 беа повредени. Терористот пред тоа украл камион.
Големиот терористички напад од 14 јули 2016 година, што се случи во француска Ница, исто така беше извршен со камион. Тогаш загинаа 84 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Сличен напад се случи и во берлин на 19 декември 2016 година, кога терорист со камион се заби во луѓето на божиќниот базар при што убо 12, а повреди 48 луѓе. Слични напади се случуваа и во САД, Израел и други земји.