Штербик: Посакувам повторно да играм Ф4 во Келн, колективот и тренерот се нашата сила

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Голманот на Вардар Арпад Штербик кој беше прогласен за најкорисен играч на „фајнал фор“ турнирот во Келн од ракометната Лига на шампионите остави простор да ја продолжи кариерата и покрај тоа што неодамна најави „пензионирање“.

– Го играв моето 9. финале во Лигата на шампионите. Многу сум среќен. Не е сеедно да се дојде како фаворит, или како нас, но ние имаме сложна екипа. Потешко е да се влезе на Ф4, отколку да се освои трофејот. Сигурно ривалите малку не потценија. Им честитам на сите. Сите дадоа се од себе. Иако немавме многу време за одмор одигравме борбено во исте 60 минути. Колективот е наша најголема сила и тренерот Гонзаелс.

За Штербик ова беше четврти трофеј шампион на Европа.