Боб Дилан испрати говор до Нобеловата академија

од desk2
79 прегледи

Боб Дилан, добитникот на Нобеловата награда за литература за 2016 година, го испрати својот говор на шведската Нобелова академија.

Добитниците на оваа престижна награда добиваат сума од 800.000 евра, но за да ја добијат на банкарска сметка, тие мора да одржат говор и да го испратат текстот на говорот до академијата.

Дилан не присуствуваше на доделувањето на наградата во декември минатата година и доби рок од 6 месеци за да го испрати говорот што требало да го одржи. Затоа тој говорот го испратил и стигнал во понеделникот.

„Говорот е исклучителем и прекрасен како што и очекувавме. Елоквентен”, вели Сара Даниус, постојаната секретарка на академијата.
„Кога ја добив наградата за литература, се запрашав каква е точно врската помеѓу моите песни и литературата. Сакав да размислам и да ја најдам таа врска. Овде се обидувам да ги изнесам моите размислувања”, напиша Дилан во говорот. Тој во овој текст ги цитира големите личности кои за него биле инспирација како Сервантес, Херман Мелвил или Вилијам Шекспир.