(ВИДЕО) Тероризам во Иран: Во два напада, многу мртви, ранети и заложници

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Во напад на иранскиот парламент загинаа седум лица. На местото на настанот има и повредени. Иранските агенции наведуваат дека напаѓачите држат заложници. Напад е извршен и во мавзолејот на Хомеини.

 

Според последните информации, во два вооружени напада во Техеран има најмалку седум мртви. Првиот напад се случи во иранскиот парламент, кога вооружени лица отворија оган. Меѓу жртвите бил и еден член на обезбедувањето на Парламентот, на кого прво било стрелано. Според новинската агенција Фарс Спутник, ранет е уште еден член од чуварите и седум цивили.

Иранската агенција ИРИБ објави дека се повредени двајца припадници на обезбедувањето, а на државната телевизија дека се повредени осум цивили.

Според сегашните вести, кои се уште не се потврдени, станува збор за најмалку тројца напаѓачи кои упаднаа во иранскиот парламент и почнале да пукаат.

Елајас Хазрати член на парламентот, изјави за иранската новинска агенција дека напаѓачите носат две пушки “калашникови” и пиштол и дека пукањето се уште се слуша.

Исто така, според некои извори, вооружените лица држат заложници.

Пред зградата на парламентот во Техеран има голем број на полициски и специјални сили, и се собраа голем број на луѓе.

Вториот напад се одржа во мавзолејот на поранешниот лидер ајатолахот Рухолах Хомеини. Иранската државна телевизија објави на својата веб-страница дека нападот бил извршен од четворица терористи, вклучувајќи бомбаши-самоубијци.

Како што пренесува телевизијата, бомбаш-самоубиец се разнесе, а еден од напаѓачите убија стражар. По повод нападот е уапсен и една жена, пренесува АП.

На некои снимки очигледно се покажува дел од телото на бомбашот-самоубиец, кој се разнесе.