“Лачни Франци” во Скопје

од desk3
190 прегледи

 

На  22 јуни, на вториот ден од почетокот на Скопско лето на платото пред МОБ концерт ќе има словенечката рок-група „Лачни Франц“. Концертот е организиран   во соработка со Амбасадата на Словенија по повод одбележувањето на државноста на земјата. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, која го организира летниот фестивал во главниот град, наскоро ќе ја соопшти целата програма за 38-мото издание. Пред официјалниот старт на Скопско лето, на 21 јуни оваа културана традиционална манифаестација ќе ја најават два настaни кои ќе се одржат на улица Македонија. Од 19 часот ќе настапи  Градскиот дувачки оркестар, а околу 20 часот граѓаните ќе можат да ја видат  инсталацијата „Think Freedom“  на босанската уметница Едина Селешковиќ.

Плакатот за фестивалот е дизајн на Христијан Санев. Според авторот тоа е  транскрипција на познатиот археолошки пронајдок Божица Мајка со графички пристап и дека претставува спој на овдешното историско поднебје и модерното време.