Со симфониски аранжман од Pink Floyd  на оркестарот на Македонската филхармонија ќе биде одбележано десеттото издание на мултимедијалниот настан “Види музика, слушни слика, добиј книга”.
 На 22 јуни во скопскиот Градски парк, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со делата на култната англиска четворка, аранжирани за симфониски оркестар. „Бидете со нас под отворено небо!“, повикуваатод Македонската филхармонија.