Со цел влез во Алијансата Македонија е подготвена да разговара со Грција. Во моментов членството на Скопје во Алијансата е блокирано пораси спорот со името, со вето од Грција. Атина инсистира од соседната Македонија државата да се преименува, за да не се мешаат со грчката област Македонија, спор кој трае уште од раздружувањето од СФРЈ и осамостојувањето на Македонија, во деведесетите години.ПО ова прашање МАкедонија во своја корист доби пресуда на меѓународниот суд во Хаг со кој на Грција и се наложува да не го блокира евроаталанските процеси на Македонија.
Како што дознава Локално .мк генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во средината на јули планира да ги посети Скопје и Атина и да разговара за ова прашање.
Истовремено се планира повторно во Македонија и Грција да допатува и целиот процес да го координира и забрза заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.
Целта на НАТО е најрано до септември а најдоцна до пролетта 2018 година да ја прифати Македонија во своите редови ” велат дипломатски извори за Локално.мк.
САД активно работат во оваа насока , а нивниот амбасадор Џес Бејли деновиве посочи дека е добро што кај Македонија и новата Влада на Заев гледа напредок за меѓусоседската политика и подготвеност да се разговара за оваа прашање меѓу Атина и Скопје.
Во тој пакет амбасадорот на САД во Скопје се сретна со министерот за одбрана Радмила Шеќеринска и разговарале и за ова прашање, а грчкиот премиер Алексис Ципрас во полчасовен телефонски разговор го поздрави новиот премиер на Македонија Зоран Заев за преземањето на функцијата и си потсети на позицијата на Атина во спорот за името на Македонија .
Заев во последното интервју вели дека земјата е подготвена да се приклучи кон НАТО под привремената референца , да се тргне ветото на кое досега тврдо стоеше Грција, а дури пото да продолжат разговорите за надминување на разликите околу името се со цел забрзување на интеграцијата на Македонија во Европската унија.