Ново истражување во Австралија покажа дека кај децата од сиромашните семејства пубертетот започнува порано и тоа е 4 пати почесто во споредба со децата од несиромашни семејства.
Истражувачите анкетирале 3700 родители, чии деца се на возраст од 8 до 11 години. Родителите одговориле на прашањата за знаците за полово созревање.
Тие исто така го споредиле нивото на приход на семејствата, нивото на образование и професии на родителите. Така експертите откриле дека кај момчињата со низок социјален статус раниот пубертет бил 4 пати почест отколку кај другите момци. Кај девојките показателот бил 2 пати.
Научниците сметаат дека стресот предизвикан од сиромаштијата, влијае врз изработката на полови хормони. Сиромаштијата дури може да го промени ДНК-то. Ова, за возврат може да го активира претходното полово созревање, што впрочем го зголемува ризикот од некои видови рак.