Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер ја погоди Турција

од Vladimir Zorba
88 прегледи

   Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска турскиот западен брег, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

earthquake measure

Англиското издание на турскиот весник „Хуриет“ пишува дека земјотресот се почувствувал и во Истанбул и соседните подрачја.

Грчкиот Геодинамички институт наведе дека земјотресот бил почувствуван и на источниот брег на Егејското Море во близина на островите Самос и Лезбос.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 84 северозападно од Измир, во регионот Карабурун.

Засега нема информации за жртви или материјални штети.