Анита Паленберг – модел, актерка и поранешна граѓанска жена на гитаристот на The Rolling Stones Кит Ричардс, починала синоќа на 73-година возраст. За смртта на Анита објави на Инстаграм нејзината пријателка Стела Шнабел, цитирана од светските медиуми.

Никогаш не сум сретнала таква жена како тебе Анита. Мислам дека во целата вселена нема некој како тебе, напиша Шнабел, нарекувајќи ја Паленберг својот најдобра пријателка и најголемата жена која некогаш е познавала.
Родена во Рим италијанска актерка Анита Паленберг беше и успешен модел и моден дизајнер. Таа ги покори,а нејзината убавина ги инспирира рок диносаурусите од The Rolling Stones во повеќето од свои диви и младешки години.
Паленберг почнува да се среќава со основачот на групата Брајан Џонс во 1965, но го напушта поради големата љубов – гитаристот Кит Ричардс, со кого се заедно 14 години. Таа му родиа три деца: Марлон, Ангела и Тара, кој умира набрзо по раѓањето. Блондинката го респектираа дури Мик Џегер со конструктивните критики кон творештвото на групата.