Најмалку седум луѓе загинаа, а 59 се повредени пренесуваат светските агенции, во експлозијата што попладнето се случи пред детска градинка на истокот на Кина.

На кинеските сајтови објавена е фотографии од неколку жени и деца кои лежат на земја, од кои некои крварат, а прикажана е и жена која држи расплакано дете, пренесе AFP.
Кинеската агенција Синхуа, повикувајќи се на итната служба во Суџоа, објави дека експлозијата се случила кога децата ја напуштале градинката во попладневните часови по локално време.
Полицаец од округот Фенгсијан во покраината Џијангсу вели за AFP дека истрагата е во тек и се откриваат причината за експлозијата.
„Повредени се неколку деца“, додава тој.