
На светот има толку многу убави и необични места и е жално што не можеме да ги посетиме сите. Плажите кои ќе ви ги претставиме се толку уникатни и тешко е да се забораваат … Некои од нив изгледаат како поглед од бајка и се омилени дестинации за меден месец. Други привлекуваат внимание со своите необични феномени кои можете да ги видите само таму.
1. Скриената плажа – Остров Мариета, Мексико

Оваа плажа е толку уникатна и убава и ќе ве остави без здив. Сепак, начинот на кој настанала не е многу атрактивен. Токму мексиканската влада некогаш ја користела оваа област за тестирање на бомби, а детонација уништија дел од карпите и се формирала плажа кој ја познаваме денес. Капењето таму е навистина посебно доживување.
2. Блескавата плажа – Малдиви

За оваа плажа велат дека изгледа како ноќно небо полно со ѕвезди. Кога паѓа мрак, водата станува толку светла и е тешко човек да одвои очите од неа. За ова заслуга имаат фитопланктоните кои светат како светулките, но не секогаш, а обично е кога нешто се предизвикува кај нив – на пример, кога бран ќе се пробие на плажа или нешто слично.
3. Плажа со топла вода – полуостровот Коромандел, Нов Зеланд

Таму геотермалната изворска подземна вода создава меурчиња, како оние во џакузи. Температурата на водата е околу 60 степени Целзиусови, а посетителите копаат мали базени во песок, кои чекаат да се наполнат со вода и потоа уживаат.
4. Зелена плажа – Папаколеа, Хаваи

На прв поглед можеби ви се чини дека оваа плажа е покриен со мов, но не е така. Светло – зеената боја доаѓа од природниот песок, кој ја има оваа боја поради вулканот, кој се наоѓа во близина. Таа боја е произведена од зелениот минерал Оливие. Оваа плажа е една од четирите таквиа во светот.
5. Белите, свилени Песоци – Национален парк Ленсјйс-Мараненсис, Бразил

Интересно е дека оваа плажа не се наоѓа на брегот на морето, а меѓу пустината. Станува збор за убави лагуни, затрупани со совршен бел песок. Најдобро време за патување до оваа дестинација е од мај до септември, кога таму може да се видат и риби. Потоа, лагуни постепено се сушат, а од февруари повторно почнуваат да се полнат со вода.