ЗНМ и ССНМ му предложиле решенија за медиумски реформи на премиерот Заев

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев, при што се разговарало за итните медиумски реформи.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис и претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги презентирале приоритетните решенија предложени од двете тела за подобрување на состојбата со слободата на медиумите. Биле презентирани модели за финансирање на медиумите, реформата на јавниот сервис, подобрување на работничките права во редакциите и за зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

Според соопштението, премиерот покажал подготвеност и политичка волја да се прекине праксата на насилство врз новинарите и да се направат сите неопходни законски измени за гарантирање на слободата на говорот и за независноста на медиумите.