За еден човек целта може да е да си го наполни редовно фрижидер со пиво за друг – да си го измие автомобилот, за трети – да постигне професионална кариера. Сите сме различни и според она што го носиме во себе како потенцијал и напори, според патот кој што ќе избере во својот развој, навистина е можно да постигнеме чуда. Воопшто не се шегувам, ниту сум натоварен со наивни очекувања. Животот постојано тоа го докажува, а примерите се покрај нас. Неодамна бев восхитен од она што го направиле двајца млади луѓе – Каролина, девојка од Латвија и нејзиниот пријател Марко, Италијанец.
Тие со ништо не се разликува од останатите врсници, но имаат нешто повеќе – ја сакаат слободата, фотографија и патувањето.
Која е нивната приказна?
И двајцата работат во Лондон, во хотелскиот бизнис, собираат малку пари и потоа заминуваат на одмор во Мароко. Каролина и Марко, излегува и немале намера за долго патување, но се случува така дека починката им продолжува цели 8 месеци. А тие не прават ништо посебно – сликаат убавините и ги закачуваат сликите во Инстаграм, а публиката таму е кон 100 милиони лица. Во почетокот имале околу 1.000 фанови , но во еден момент симпатизерите им растат на над 60 000. Очигледно фотографиите им биле не сосема аматерски и го прикажуваат светот од поинаков агол. Набргу по првите им успеси во платформата стигнуваат предлози од Камбоџа, а понудата е – вие снимате, а ние ви нудиме бесплатно полн пансион, за да се чувствувате прекрасно. Потоа стигаат покани од Виетнам, Шри Ланка, Тајланд и така нивната двонеделна пауза се претвора во комплетно бесплатно 8-месечно патување. И единственото нешто што се барало од нив е да сликаат, односно она што тие најмногу сакаат даго прават.
Овој пример со Каролина и Марко не е единствен. За тоа раскажа и еден Норвежанец, кој со своето омилено куче тргнува на патување, едноставно затоа му било доста да работи меѓу четири ѕида во една канцеларија, иако добивал многу добра плата за својот труд. Тој го обиколува светот и раскажува какви чуда среќава, но за таков предизвик човек треба да ги отвори своите сетила за да се допре до нив.
Исто и еден Русин Денис, архитект од Новосибирск, со исклучително висока плата, кој се придава во еден момент на хоби да пресече . Следејќи го тој порив тој тргнува на околусветско патување кое трае 6 година . Денис планира да посети на различни точки во различни држави, а претходно се најавува на кои датуми каде ќе биде – на пример на плоштадот во избран од него град и повикува кој сака да дојде, за да го потстриже.
Со спечалените пари тој го финансира патувањето и се радува на новите работи и новите пријателства, за кои раскажува на својот сајт. Состави на сите овие приказни е целосно потопување во универзумот на социјалните мрежи. Младите генерации, кои се на “ти” со целата оваа технологија, добија едно неверојатно простор за реализација, можности за постигнување на своите цели. Тие раѓаат нови хоризонти , достапни за сите оние кои знаат странски јазици и умеат да комуницираат целосно со други луѓе. Се разбира, тука има и доза непромисленост, бидејќи, за да си патник треба да си и малку луд – е, не многу, но и тоа помага.
Волшебната топка тука е во пресекот набезглзавото итање во соништа и афродизијак на емоциите. Животот навистина е премногу краток и колку појасно го сфаќаат тоа, толку повеќе ќе го цениме она што го имаме.
Прочитав неодамна едно интересно интервју со психотерапевт кој лечи наркомани. Неговиот систем за нивното излекување е премногу елементарен – ги поканува своите пациенти во еден кабинет и им нуди да го напишат својот некролог. Изгледа шокантно, нели? Објаснувањето е кога ќе дојде моментот, а тој неизбежно доаѓа, тогаш не би требало да страдаш за дрогата, кои помалку си ја зел или за некои други мали нешта со кои си ги изгубел денови … Би требало да страдаш за толку убавите нешта кои не си успеал да ги видиш и изживееш, за најдобрите луѓе со кои не си успеал да се запознаеш. Станува збор за вредностите и за приоритетите кои сами си ги бираме и кои не би можеле да ги замениме со ништо друго. Можноста да бидеме слободни, вистински, во голема мера се одредува од средината во која израснал човек од семејството и од државата, толерантна кон луѓето со различно размислување. Се разбира – и од образованието.