Американскиот претседател Доналд Трамп немаше многу добри недели откако стана 45. претседател на САД, меѓутоа оваа му е најлоша, наведува CNN.

Оваа седмица истрагата за руската вмешност во претседателските избори 2016 година дојде и до Овалната соба, а и до самиот Трамп.
„Вашингтон пост“ во средата објави дека истрагата против Доналд Трамп ја води специјалниот советник Боб Милер поради можноста Трамп да ја попречувал правдата кога го отпуштил директорот на ФБИ, Џејмс Коми.
Трамп на некој начин ја потврди приказната.
„Истрагата против мене поради отпуштањето на директорот на ФБИ ја води човек кој ми рече да го отпуштам. Лов на вештерки“, напиша Трамп.
CNN наведува дека ставот на Трамп околу самата истрага е се полош. Од четвртоктот наутро до петокот наутро тој објави низа твитови во кои ја искажа својата фрустрираност.
Велеше дека приказната за Русите нема никаков доказ, а потоа се прашуваше зошто не се води истрага и против Хилари Клинтон која исто така соработувала со Русија.
Проблемот за Трамп, како што пишува CNN, е што Милеровата истрага ќе потрае.
Облакот кој се надвил над Трамп овие месеци, неделава стана поголем и потемен. А надвор тој е без чадор, наведува CNN.