Нова молекула собира сончева енергија без соларни панели

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Дискутирањето за климатските промени е со децении во центарот на вниманието, бидејќи проблемот е како да се намали индустријата која емитува јаглерод диоксид.

Една од последните иновации е молекуларен лист. Лианг-Ши Ли од Универзитетот во Индијана и меѓународен тим на научници открија нов начин на кој можат да год рециклираат јаглеродниот диоксид од атмосферата на Земјата.

Со употребата на светлина и електрицитет оваа молекула е создадена од тимот, може од јаглерод диоксид да се претвори во јаглерод моноксид, кој може да се користи како гориво.

Во моментов според научниците молекуларниот лист е најефикасен метод за намалување на јаглеродниот диоксид.

Молекулата има нано-графска структура со темна боја, која апсорбира големи количини сончева светлина. Енергијата од сонцето се користи за да може јаглерод диоксид да се претвори во јаглерод моноксид.

 

Молекуларниот лист може да помогне да се справиме со ефектот на стаклена градина. Повеќето од научниците се согласуваат дека стакленичките гасови создадени од одделени индустриите на човекот значително ја зголемија темпертурата на Земјата последниве 50 години.