Од верските календари

од Vladimir Zorba
81 прегледи

  

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јуни.

Денеска е Св. свештеномаченик Теодот Анкирски.

Теодот живееше во времето на императорот Диоклецијан. Беше женет човек и во градот Анкира држеше една гостилница. Во Христа веруваше тајно, но не пасивно: им помагаше христијаните по околните пусти места и ги погребуваше расфрлените тела на мачениците. Кога во градот беа погубени седум девојки христијанки, Теодот тргна да ги бара нивните тела. Ги најде и ги погреба. Но, властите дознаа за таа негова постапка и тој беше изведен пред суд. Го ставија на маки, а потоа го погубија. Така пострада овој пречесен аристократ по дух, во 303 година. Подоцна некој свештеник го зеде неговото тело и го погреба на една восочинка близу градот, каде што подоцна беше подигната црква во негово име.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Наум Охридски.

Свети Наум бил ученик на Свети Кирил и Методиј. Тој го навестил Евангелието Христово на бреговите на Охридското Езеро. Во негово време, постоело единство меѓу христијаните. Свети Наум на јужниот брег на Охридското Езеро основал голем манастир, кој го носи неговото име. Бил мудар учител и духовен водач. Со Свети Кирил и Методиј, со Климент Охридски и името свето, Наум секогаш ќе биде дел од историјата на словенското христијанство.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 20 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 07 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.

###