Reuters: Бугарија и Македонија ќе го потпишат долго одложуваниот добрососедски договор

од desk3
212 прегледи

Бугарија ја поддржува желбата на Македонија да се приклучи кон Европската унија и НАТО, пренесува Reuters . Покрај тоа, балканските соседи, кои до неодамна имаа ладни односи, ќе го потпишат долго одложуваниот договор за добрососедство.
Можноста за подобрување на односите меѓу Македонија и нејзините соседи Бугарија и Грција, се подобри откако коалициската влада предводена од социјалдемократите ја зеде власта во Скопје на 31 мај, по победата над крајните националисти кои управуваа 9 години.

Односите на Македонија со Грција долго време беа условувани од спорот за името. Според властите во Атина името “Македонија” може да биде причина за територијални претензии на Скопје кон грчка територија. Бугарските власти исто така беа незадоволни поради дискриминацијата врз етничките Бугари во Македонија, како и создавањето на бугарофобска атмосфера во земјата.
Премиерите на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев изјавија дека Договорот за добрососедство ќе биде потпишан на 2 август.