Од верските календари

од Vladimir Zorba
342 прегледи

  

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 8 јуни.

Денеска е Св. великомаченик Теодор Стратилат.

Свети Теодор Стратилат пострада во 319 година. Во тоа време тој беше началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на својот слуга Вар, непосредно пред неговиот маченички крај.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Алојзије Гонзага.

Бил роден во дворецот Кастиљоне, во близина на Мантова. На 13-годишна возраст се одлучил да стапи во редот на исусовците. Во 1590 година во Рим избила епидемија на чума од која умреле 60.000 луѓе. Во Рим, тој им помагал на луѓето, па така и се заразил од болеста. Тогаш имал 23 години. Предаден на волјата Господова, умрел во 1591 година.

ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР  

Времето за ифтар и суфур

Во Скопје, времето на ифтар (кога завршува постот), денеска е во 20 часот и 20 минути, додека времето на суфур (кога почнува постот) e во 3 часот и 07 минути.

Времето на ифтар и суфур во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес 2 минути порано, Штип 3 минути, во Кочани 4 минути, во Струмица и Валандово 5 минути, а во Делчево 6 минути порано.

За разлика од времето на ифтар и суфур во Скопје, во Ресен и Битола тие почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево 2 минути, а во Охрид, Дебар и Струга 5 минути подоцна.