Парада на гордоста ќе се одржи во сабота во Белград. Целтта на парадата е да се обрне внимание на зголеменото насилство со кое се соочува ЛГБТ заедницата во Србија, соопштија организаторите, за Танјуг. 
Учесниците во парадата ќе се соберат во 11 часот во пионерскиот парк а поворката ќе заврши на “Плоштадот на Републиката”. Во соопштението на ЛГБТ заедницата се вели дека тие инсистираат на еднакви права, за рамноправност меѓу мажите и жените и се против сите манифестации со кои се кршат човековите права на различните општествени групи, за доследна примена на законот за забрана на дискреминација и правно регулирање на еднополовата заедница.