![]()
– Новата книга на Евгениј Хоуп насловена „Годините кога научив да летам“ ќе биде промовирана вечер во Клуб Матица на Булеварот на книгите.
Според издавачот, книгата нуди авантура, мистерија и филозофија и е симбол за 30.000 километри поминати во автостоп низ Европа на писателот Евгениј Хоуп.
– Ова е приказна која зборува за решителноста на еден млад човек да напушти сѐ во животот и да тргне на патување низ европските патишта со една цел – да го најде внатрешниот мир на островот, за кој и не е сигурен дали воопшто постои, се наведува за книгата.