Коските беа сметани за мртви органи, но новото истражување покажа дека тие комуницираат со остатокот од телото.
Имено, коските произведуваат хормони кои комуницираат со другите органи и ткива, вклучително и мозокот, бубрезите и црниот дроб, покажа истражувањето спроведено врз глувци.

„Коските речиси вршат функција на жлезди. Многу нешта се случуваат меѓу коските и мозокот и други органи, така што коските станале еден од најистакнатите органи кои во моментот се проучуваат“, вели Беате Ланске која ги проучува коските и минералите на Харвард.
Најмалку четири коскени хормони имаат дополнителна функција на комуницирање. Научниците штотуку почнуваат да откриваат што значи ова за здравјето. Истражувањето и каталогизирањето на хормоните би требало да пружат повеќе информации за тоа како телото ги регулира шеќерот, еннергијата и мастите.
Откако глушецот ќе се најаде, коскените келии ги апсорбираат хранливите материи и ослободуваат хормон липокалин 2 во крвта од каде патуваат до мозокот и пренесува информација до нервните клетки кои го регулираат апетитот и му кажуваат на мозокот дека организмот е сит.
Истражувачите порано веруваа дека дека мастите се одгворни за стварање на липокалин 2, но како што покажа ова истражување, коските произведуваат повеќе хормони отколку масни келии.