Земјотрес почувствуван во Охрид, Струга и Ресен

од Vladimir Zorba
120 прегледи

 Земјотрес со магнитуда од 2,8 степени сопред Рихтер и интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала утринава во 1 часот и 2 минути е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен.

Како што информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од охридското епицентрално подрачје.