Поткупи и насилство на изборите во Албанија – Власта на социјалистите победија

од Vladimir Zorba
83 прегледи
Албанската владејачка Социјалистичка партија ја предводена од Еди Рама, најверојатно ќе победи спроведените  во земјата парламентарни избори 

 Владејачката Албанска социјалистичка партија (АСП) добива 46% -50% од гласовите на избирачите, покажуваат екзитпуловите. Опозициската Демократска партија на Албанија (ДПА) добива од 31% до 35%, а Социјалистичкото движење за интеграција – од 11% до 15% гласови.

Потсетуваме  дека овие резултати  ги потврдуваат предвидувањата. Гласањето беше продолжено со одлука на ЦИК со еден час до 20:00 часот по локално време  поради слабиот одѕив.

Кон 16:00 часот одзѕивот  беше 35,7% или околу 945 000 луѓе. Поради едночасовна продолжување на изборниот ден одѕивот се искачи на 44,65 проценти. Електоратот на земјата брои 3,5 милиони луѓе. Според локалните медиуми, слабиот одѕив може да се објасни поради прославата на Ураз бајрам што се забележува поради крајот на Рамазан.

Изборите беа нарушени со бројни неприфатливи инциденти – пукање со огнено оружје во избирачко место, поткуп на гласачи, фотографирање на гласачки ливчиња и поткуп на членови на изборни комисии  . Опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша соопшти декаги  повлекла своите членови од 30 избирачки места во Лјушня и Дивјак, каде, според локалниот партиски лидер, во избирачките места има присуство на лица кои вршат притисок врз граѓаните и нивниот избор. За ова реагираше пратеникот од Социјалистичката партија Ерион Брајс, кој рече дека “опозицијата се обидува да го  блокира изборниот процес”, при тоа најави дека “членовите на изборните комисии, кои се повлекле, ќе бидат прогонувани”.

Инцидент беше забележан и во Елбасан, каде неколку лица физички нападнаа очевидец на Социјалистичката партија Арбен Керчуку кој е пренесен во градската болница. Регистрирани се неколку случаи на поткуп на гласачи, поради што беа приведени најмалку десет лица, а најтешкиот инцидент беше регистриран во пристанишниот град Лежа. Активист на Движењето за социјалистичка интеграција беше нападнат од десетина луѓе пред избирачко место, а некои албанските медиуми објавија дека се пукало врз него. Тој е без опасност за животот. Поранешниот лидер на партијата, претседател на парламентот во оставка и новоизбран претседател на земја Илир Мета отпатува во  градот поради овој инцидент. “Наркобандите не можат даја  држат Албанија во заробеништво”, истакна Мета пред заминувањето за Лежа. Гласањето беше следен од 5 351 набљудувачи, од кои 896 се припадници на меѓународните мисии. За време на предизборната кампања, на преден план се наведени три главни спротивставени политички сили – Социјалистичката партија на Еди Рама, Демократската партија на Љуљзим Баша и Социјалистичкото движење за интеграција на Петрит Васили.

Во трката учествуваа вкупно 18 партии, чии претставници се бореа за места во 140-членото Национално собрание со мандат од 4 години. За да стигнат до парламентот, политичките партии требаше да добијат најмалку 3% од гласовите, а коалициите – 5%. Тоа беа девет парламентарни избори во Албанија од 1990 година, кога во земјата беше воведена повеќепартиски систем.
Албанија е официјален кандидат за членство во ЕУ од 2014 година Тирана се надева преговорите со Брисел да започнат кон крајот на оваа година.