Допирот од најблиските ја намалува физичката болка

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Израелски научници од Универзитетот во Хаифа открија дека физичкиoт допир до вашиот сакан ја намалува болката кај жените.

Во експериментите учествувале 22 хетеросексуални парови на возраст од 23 до 32 години. Во првата фаза од тестирањето тие пополниле прашалник за испробаниот степен на емпатија кон партнерот. Потоа на телата на дамите биле прицврстени термални извори и тие требало да ја одредуваат силата на искусената болка.

Иницијаторот на експериментите, д-р Павле Голдстајн, решил да пристапи на истражувањето откако утврдил пред 4 години дека при стискање на раката на неговата сопруга за време на породувањето, таа чувствувала значително послаби болки. И така лекарот одлучил да го провери тоа свое набљудување со научни методи.

Колку повеќе партнерите сочувствуваат на жените од експериментите и имале физички контакт до нив, толку се намалувале болките при топлинска стимулација. Во овој процес пулсот на двојките се синхронизирал.

Слични содржини