Утре на пладне прес-конференција на СЈО

од desk3
201 прегледи

Специјалното јавно обвинителство за утре на пладне закажа прес-конференција која ќе се одржи во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

“Утре, со почеток во 12:00 часот во просториите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе се одржи прес – конференција” се вели во краткото соопштнија објавено на официјалната веб страница на СЈО.

Рокот за поднесување на обвиненија на Специјалното јавно обвинителство му истекува во петок. Повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија, изјави пред неколку дена обвинителката Катица Јанева. Рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија истекува во петок. Неофицијално, најмалку уште десетина истраги треба да завршат со обвиненија.

СЈО досега подигна три обвиненија: за незаконско уништување на документација од системите на прислушување, за насилството во општина Центар (шамарите за градоначалникот Андреј Жерновски) и за случајот Транспортер, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.

Првите предмети СЈО ги презеде од Јавното обвинителство на 4 декември 2015 година, а на 30 декември и прислушуваните материјали од СДСМ.

Според ставот 3 од членот 1, Законот за СЈО ќе биде на сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието, и може да се продолжува со двотретинско мнозинство од пратениците.

Се очекува дека СЈО до петок ќе подигне обвиненија за сите досега објавени истраги – Титаник, Таргет, Топлик, Тендери, Тарифа, Труст, Табла, Триста, Тотал, Тифани, Тревник…