Сите имаме одговорност за договореното. Денеска заклучивме дека нашите изборни програми во голем дел се слични и драго ни е што нашите програми се вметнати во програмата на Владата, рече Али Ахмети по тричасовната средба со лидерите на албанските парламентарни партии.

– Отворен е процесот за средба со соседите. Тоа беше наша иницијатива. Исто така, бевме вклучени на средбите со Прибе и Хан и тие процеси почнуваат да се реализираат, рече лидерот на ДУИ.
На прашањето дали има нешто конкретно во врска со законот за јазици, Ахмети одговори дека нема потреба да се дискутира за нешто што е веќе договорено./а1он