Дема! Над 800 земјотреси за десеттина дена во Охридско

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 Повеќе од 800 земјотреси регистрирала телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија во периодот од 18 јуни до денеска во охридското епицентрално подрачје. 

– Земјотресите се главно слаби со Рихтерова магнитуда помеѓу 1 и 2 степени. Со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 беа регистрирани 31 земјотрес, а со магнитуда поголема од 3 беа регистрирани 4 земјотреси. Најсилниот се случи на 20 јуни во 15 часот и 10 минути. Тој беше со Рихтерова магнитуда 3,6 степени и беше почувствуван во епицентралното подрачје со интензитет од 5 степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Посочуваат дека од утринава регистрирани се 10-тина земјотреси кои се почувствувани во охридското епицентрално подрачје со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скал