
Познатата заменик-министерка за внатрешни работи на Украина, Анастасија Деева на добротворна аукција доби понуда да појадува со непознато лице, кое за средбата, верувале или не плати 11 милиони гривни (околу 434.000 долари).
Информацијата за износот за кој беше понуден за средба со заменик-министерката, беше објавен на страницата за државни јавни набавки ProZorro на Facebook.
Исто така се забележува дека стартната цена била само 3,8 долари. Но, подоцна во соопштението се истакнува дека износот бил техничка грешка, тогаш појадокот со Деева ќе го добие вториот на табелата, барем такви се правилата на аукцијата.
Организаторите на добротворниот тендер сепак се надеваат дека влогот бил верен и со парите ќе успеат да го купат апарат за вештачко дишење уште до крајот на неделава. Според последните податоци, човекот кој ја дал оваа огромна сума за појадок со министерката е жена која тврди дека има направено грешка.
Така Деева ќе треба да појадува со друг човек кој платил само 400 долари. Назначувањето на 25-годишната Деева минатиот октомври предизвика жестоки критики на адреса на министерот за внатрешни работи Арсен Аваков. Украинците беа револтирани од нејзиното назначување, од возраста на заменик-министерот, како и од разголените слики поставени на интернет.
Претходно на истата добротворна аукција беше понудена вечера со 27-годишната заменик-министерка за енергетика и индустријата за јаглен Наталија Бојко. Таа сепак не успеа да постигне таков импресионирачки резултат како Деева.


