Еден ексцентричен изумител направил необична, но функционална направа од дронови.

Анонимен шведски изумител, често прави необични машини и секојдневни предмети и ги прикажува на својот Youtube канал.
За да направи летало, тој поврзал дури 76 дронови, кои се движат на батерии. Тој тврди дека во необичното летало кое чини 10.000 долари, има место за еден човек, пишува Дејли мејл.
На снимката тој управува со леталото, ја менува брзината, правецот, го подига и го спушта, за да докаже дека функционира.
На каналот “Amazingdiyprojects” објавува „направи сам“ проекти како мотор направен со 3D печатач, електричен скејтборд и други машини.