Метју Нимиц: Не носам нов предлог за името!

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Посредникот на Обединетите нации во преговорите за името, Метју Нимиц, во текот на викендот доаѓа во Скопје каде во недела и понеделник ќе се сретне со државно-владиниот врв. Ова ќе бидат први директни контакти на медијаторот со новите власти во Македонија.

Во пресрет на посетата на регионот, бидејќи од Македонија ќе замине во Грција, посредникот Нимиц даде интервју за „360 степени“.

Слушнете зошто и со што доаѓа Нимиц, за што се преговара во процесот, дали идентитетот на етничките Македонци е предмет на преговори, што мисли за грчкиот аргумент за постоење иредентизам од македонска страна и какви се перспективите за решенија.