Учесниците на Самитот на ЈИЕ во Дубровник: Ќе ја развиваме економијата и ќе ја зајакнеме безбедноста

од desk2
105 прегледи

Учесниците на Самитот Процес за соработка во Југоисточна Европа (SEECP) Александар Вучиќ, Борут Пахор, Ѓорге Иванов, Хашим Тачи, Филип Вујановиќ, Млден Иваниќ, Колинда Грабар – Китаровиќ, Бојко Борисов, Тургул Туркес, Јоанис Аманатидис, Александру Виктор Микула, Даниела Морари и Илир Мело издадоа заедничка декларација за заедничките цели на кои ќе работат во иднина.


Нагласувајќи ја полната определеност на учесниците на SEECP во регионалната соработка во Југоисточна Европа во рамки на делувањето на SEECP како најзначаен политиќки регионален форум и нагласувајќи ги политичките приоритети во ЈИЕ – осигурување стабилност и напредок на регионот низ развој, економски раст, спроведување на наопходните реформи и јакнење на напорите да се решат отворените прашања постигнат е договор за заедничка декларација.

Европска и евроатланска перспектива
„Цврсто веруваме во заедничка европска иднина, Проектот на ЕУ се покажа како најуспешен и најефикасен гарант на мирот, стабилноста и напредокот во историјата на Европскиот континент. Го нагласуваме значењето на зачувување на карактеристичните вредности на ЕУ, како што се еднаквоста, отвореноста, солидарноста и инклузивноста. Воведување разни категории на членство, засновани врз траење, географска положба или различни брзини на интеграција, би ги нарушило принципите на кои почива проектот на ЕУ. Го потцртуваме значењето на перспективата за членство во ЕУ, која и понатаму претставува наше најсилно средство за спроведување неопходни реформи, како и средство за долгорочно зачувување на мирот, стабилноста и сигурноста во регионот. Уверени сме дека процесот на европски интеграции нема да биде завршен додека сите учесници на SEECP кои се стремат кон членство во ЕУ не станат нејзин дел“.

Безбедносни предизвици во ЈИЕ
„Со тага и огорченост сведочиме на фактот дека тероризмот и насилниот екстремизам и понатаму претставуваат основна закана на мирот, сигурноста и стабилноста, како и на вкупниот економски и социјален просперитет и развој на нашите општества.
Силно го осудуваме тероризмот во сите облици и манифестации, без оглед на тоа каде се одвиваат таквите акти и кои се сторителите на истите и потврдуваме определеност да ја продлабочиме соработката во спречување и борба против тероризмот, на насилен екстремизам, радикализација, како и сите облици на организиран криминал. Одлучни сме нашите напори да ги насочиме кон изградба на одржлива мрежа за соработка и делење информации за ефикасно да се спротивставиме на тероризмот и радикализацијата во регионот.“

Предизвици на нерегулирана миграција
„Уверени сме дека предизвиците на нерегуларните миграции бараат посилна соработка на сите учесници на SEECP. Потребен е заеднички пристап, базиран на соработка и дијалог, за да се одговори на предизиците на миграцијата. Свесни сме за фактот дека миграциите се повеќеслојни и многу комплексен феномен, нагласувајќи дека фокусот на меѓународно делување треба да е насочен на главните причини, најпрво во земјите на потекло. Се потсетуваме на „Заедничката изјава за предизвиците на миграцијата“, усвоена во Софија на 2 февруари 2016 година, и го нагласуваме значењето на спроведување на истата.

Економска соработка, раст и развој
Уверени сме дека економската поврзаност на учесниците на SEECP и стварањето врски кон единствениот пазар на ЕУ се клуч на економски раст и одржлив развој на ЈИЕ. Тоа посебно се однесува на областа на енергијата и транспортот.
Ќе соработуваме со цел зголемување на поврзаноста во регионот, развивајќи потребна инфраструктура, и на тој начин овозможувајќи доверлива енергетска снабденост од страна на разни добавувачи по конкурентна цена.
Во тој контекст, ги поддржуваме сите постоечки и најавени LNG терминали, воспоставување на регионална клучка за гас, како и други енергетски мрежи и цевководи“.

Парламемтарна соработка во рамки на SEECP
„Ја нагласуваме нашата силна поддршка на парламентарна соработка во рамки на SEECP и работата на Парламентарното собрание. Парламентарната соработка е клучна во негувањето на политичкиот дијалог, спроведување демократски стандарди, јакнење на демократските институции, владеењето на правото и овозможување широка јавна поддршка на нашите заеднички препреки во работата.
Следниот Самит на SEECP ќе се одржи во Словенија 2018 година.