Голем шумски пожар во реонот на Анталија

од desk2
77 прегледи

Голем шумски пожар од вчера беснее во реонот на турскиот град Анталија, кој досега уништи неколку вили, оранжерии и плантажа со банани.

Како што објави електронското издание на весникот „Милиет“, во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број противпожарни возила и хеликоптер.

Пожарникарите од утрово се обидуваат да го спречат ширењето на огнената стихија кон едно населено место, училиште и неколку вили во кои се сместени туристи