Тече пиво по битолските улици

од desk2
71 прегледи

Повеќе десетици литри пиво потекоа на влезот од Битола откако од камион испаднаа стотина гајби со пиво „даб“ од Прилепската пиварница. Очевидци раскажуваат дека камионот се зализгал кога вртел на кривината за патот за Охрид, а од приколката испаднале стотина гајби со пиво пакувано во стаклени шишиња.

Фото: СДК.МК

 

За среќа камионот не се превртел, но се причини поголема материјална штета зашто стаклените шишиња се искршија и од нив потече пиво по коловозот.

Така, другите возачи кои минуваа во овој дел на градот мораа да возат претпазливо, а имаше и такви кои застануваа и се обидуваа да украдат по некое шише кое успеало да остане нескршено./СДК.МК