Пет лица починале од високите температури во Бугарија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Пет лица починале вчера од топлото време, со екстремно високи температури во Бугарија. Температурата на одделни места во земјата достигнала до 44 Целзиусови степени, јавуваат бугарските медиуми.

Меѓу починатите бил и 75-годишен маж, кој излегол да трча во паркот во Софија и починал на самото место.

Екипите на итната помош во Софија вчера интервенирале на околу 200 повици од граѓани, а 18 лица колабирале, меѓу кои и деца на возраст од 13 и 17 години.

Поголемиот дел од Балканот изминативе неколку дена е зафатен од топлотен бран, со екстремно високи температури. Намалување на температурите и посвежо време се очекува од денеска попладне.