Хрват уби психијатар, се заканува дека ќе се разнесе со бомба

од desk2
119 прегледи

Маж на возраст од 48 години, со иницијали С.С. со калашников го уби психијатарот С.Р на хрватскиот остров Раб, се забарикадира во куќата и се заканува дека ќе се разнесе со бомба, пренесуваат хрватските медиуми.

Претходно, сопругата на психијатарот скокнала од први кат за да се спаси од напаѓачот. Со тешки повреди е пренесена во болница. Од полицијата велат дека е во стабилна состојба. Според очевидци таа скокнала на камени плочи, а итната помош не можела да стигне до неа, оти било опасно.

До инцидентот дошло, во местото Барбат на островот Раб, утрово околу 9.35 часот. Полицијата ја опколила куќата, но напаѓачот се заканува дека ќе се разнесе. Неофицијално, во кучата нема никој друг.

Во тек се преговир, а тој не сака да се предаде. Не се одзива ни на повиците од пријателите. Дозволил само да се отстрани телото на починатиот психијатар.

Според полицијата, кога пристигнале на местото на настанот, напаѓачот пукал и кон нив.
Неофицијално, напаѓачот е воен ветеран на возраст од околу 48 години, кој го уби психијатарот од болницата на Раб, а сопругата е повредена, поради спор околу земјиште.

Тој прво стрелал во нозете на психијатарот, а потоа го убил. Постојат сомнежи дека тој неодамна бил на лечење во болницата, но тоа не е потврдено. Наводно убиениот лекар го пријавил, па тој никако не можел да најде работа.
На граѓаните им е сугерирано да останат дома со затворени врати и прозорци.