Мареј го чека второто дете!

од desk2
108 прегледи

Енди Мареј ги потврди шпекулациите од британските таблоиди дека тој и неговата сопруга Ким Сирс го очекуваат второто дете, еден ден пред стартот на Вимблдон шампионатот.

Мареј, кој најави дека е физички подготвен за одбрана на титулата, минатата година ја доби првата ќерка, Софија.

„Двајцата сме пресреќни и едвај чекаме. Ким ќе дојде на Вимблдон, бидејќи дознаевме неодамна. Не сум заинтересиран да ги кажувам датумите“, изјави Мареј, кој посочи дека татковството нема да му пречи на Вимблдон.

Мареј го отвара Вимблдон утре со меч со Александер Бублик, кој е на турнирот како „лаки лузер“, односо беше поразен во последното коло на квалификациите.

„Нема лесни мечеви на Вимблдон. Последните неколку дена беа навистина добри и се чувствувам многу подобро“, вели Мареј.