Ќе одите во Италија? Внимавајте, таму веќе ги казнуваат до 500 евра оние кои се ладат во фонтаните

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Високите температури не го оставија ниту Рим. 500 евра глоба можат да заработат дури и туристите кои ќе направат и најмал обид да се разладат во јавна фонтана.

Според декретот на градоначалникот на Рим Вирџинија Раџа, потопувањето на нозете, седење по рабовите на фонтани, миење и потопување на миленичето е најстрого забрането .

Прекршителите ќе се соочуваат со високи парични казни. Новите рестриктивни мерки се насочени не само од оние кои сакаат да се изладат во текот на денот, но и за оние кои истураат таму чаши  и шишиња со пијалоци во текот на ноќта. “Убавината на Рим треба да се почитува од сите”, рече Вирџинија Раџа. На социјалните мрежи, сепак, таа веќе е предмет на критички коментари  и потсмев.