Ќе биде тоа љубов !?Градоначалник на мексикански град се ожени за крокодил (видео)

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 Градоначалникот на мексиканскиот град Сан Педро, Хуамелула Виктор Агиљар одбра крокодил за своја животна сопатничка, во духот на традицијата на домородците, која има за цел да им донесе среќа на локалните риболовци.

Женката крокодил беше крстена во четвртокот, а на „најрадосниот ден“ беше облечена во бело, но со врзани вилици.

Според легендата, градоначалникот на Сан Педро треба секоја година да се венча со нов крокодил, заради успешен и бериќетен риболов, што и претставува главен извор на приходи за локаните жители.

– Со овој ритуал, се молиме за добар улов, а морето и лагуните нека ни ја дадат храната која ни е потребна, и нека се биде в ред во нашето место, рече градоначалникот на свечената церемонија