Голема вознемиреност во Охрид,. Некои граѓани ноќта ја минаа на отворено и во шатори во извидничкиот камп.Во моментов таму се сместени околу 60 граѓани,од кои две трудници,6 мали бебиња од неполна година ,и лица над 50 годишна возраст.
Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала повторно е регистриран претпладнево во 10 часот и 27 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотрес со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени го потрсе Охридско и во 08 часот и 36 минути.
Уште десетина послеби земјотреси се регистрирани изминатата ноќ.
Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше вчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Извиденички центар во Охрид , ги отвори своите капацитети во населба Дајлан за сите граѓани кај кои владее страв до потресите кој го зафати Охридското епицентрално подраје. Во моментов екипата на Охридскај забележа дека се сместени околу 60 граѓани,од кои две трудници,6 мали бебина од неполна година ,и лица над 50 годишна возраст.
Охрид дефинитивно се тресе- граѓаните ноќеска спиеја на отворено
Сојузот на извидници на Македонија со свои волонтери вршат прием и сместување во капацитетот на Извиднички центар во Охрид, шпружаат медецицинска помош под обучени волонтери на сојузот,а воедно се грижат за прфат и сместување.
Од страна на Извиднички центар обезбедени се топли напитоци, и во зависност од состојбата ќе се потрудат во текот на утрешниот ден да се обезбедат и оброци.