Таравари бара итно да се вработат 30 до 60 сестри во ГОБ „8-ми Септември“

од desk2
103 прегледи

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, која подолг период мака мачи со персонал, особено медицински сестри, денеска беше посетена од новиот министер за здравство Арбен таравари, кој вети дека брзо че се наједе решение за проблемот.


„Ќе се бара брзо решение за да се вработат 30 до 60 медицински сестри во ГОБ „8-ми Септември“, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на оваа болница, која пред неколку месеци затвори неколку операциони сали поради недостиг на персонал.

„Од тука одам на седница на Влада. Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група медицински сестри за да го достигнеме оптимумот, кој што е 60 вработувања“ – изјави Таравари.

Има недостиг од болничари и од доктори во болницата.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“, Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да ги отворат операционите сали и листите на чекање да се скратат.

„Преоптовареноста на средно медицинскиот персонал е главна причина за затворање на одредени одделенија, кои во летниот период обично биле затворени. Капацитетите никогаш не биле преполовени, 80 кревети се се уште затворени, но затоа другите останати се 95 проценти пополнети“ – изјави Стојчев.