Технолошко чудо: Новото Audi A8 ќе нуди масажа на стапалата на нозете

од Vladimir Zorba
92 прегледи

За разлика од другите години, кога автомобилскиот живот исчезнува во текот на летните месеци, сега има исклучително голема активност. Илона Мaск фрла “бомби” на Twitter дека започнува so производството на Model 3, но веста до овој момент е Audi A8.

Овој модел ќе биде едно технолошко чудо, а за тоа зборува фактот дека ќе биде првиот сериски автомобил, нудејќи Ниво 3 на автономија. Тоа значи дека автомобилот ќе може самостојно да забрзува, врти и да се движи со брзина до 60 км / ч.

Но за тоа допрва ќе се пишува. Сега на дневен ред е уште новина на моделот, кој ќе биде претставен на 11-ти јули во Барселона. Од краткото видео станува јасно дека патниците на задните седишта ќе можат да се радуваат на функција за масажа на стапалата на нозете.

Меѓу задните седишта ќе има екран панел (по примерот на Серија 7), со кој патниците ќе можат да управуваат со одредени функции. Една од нив ќе е предметната масажа функција која е вградена во задниот дел на предните седишта, каде патникот ќе може да ги поткрепува нозете за релаксирачка масажа на стапалата.

Друга интересна новина во предводникот А8 ќе биде функцијата за самостојно паркирање во ограничени простори. Слична функција има е “седмицата” на BMW. Моделот ќе биде опремен и со “паметна” адаптивна суспензија, која ќе може да се прилагодува кон секоја специфична ситуација на патот. Инженерите на компанијата велат дека тоа суспензија ќе се исклучи целосно секакви вибрации и тресење во ентериерот.