Дали јајцата треба во фрижидер да се чуваат: Опасно ли е?

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Тешко е да се води дискусија за тоа што треба да се чува во фрижидер. Некои велат дека кечап не треба да се држи надвор, а други сметаат дека на него местото му е таму. Исто и за јајцата. Во светот јајцата обично се чуваат во фрижидер, но во некои европски земји, каде се купуваат свежи јајца од пазарот, луѓето ги чуваат јајцата надвор до 21 де.

Кога станува збор за тоа дали треба да се држат во фрижидер или не, правилото цели кон тоа дали може да се отровни, а не дали јајцата ќе се расипат. Научникот Мери Грејвли тврди дека кокошките во Европа се вакцинираат против салмонела и други опасни болести, па жителите на овие земји си дозволуваат да чуваат јајцата надвор.

Но ако тоа значи дека локалните свежи јајца доаѓаат од невакцинирани пилиња, тогаш јајцата дефинитивно треба да се чуваат во фрижидер. Јајцето може да се расипе и во фрижидер, но ниските температури го попречуваат развојот на салмонела, која се шири на собна температура.

Не држете јајца на собна температура, бидејќи тие се чуваат на ладно штом ќе ја напуштат фабриката, па кога ги оставите надвор, настапува кондензација, а таа од своја страна, доведува до раст на бактерии. Јајцата треба да останат на собна температура до максимум два часа пред повторно да бидат ставени во фрижидер.