Временска прогноза

од Vladimir Zorba
196 прегледи

   Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер особено вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од осум до 18, а дневната од 25 до 33 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.